За нас


     Глатков Дизајн е компанија која се занимава со производство на мебел за бањи. Мебелот се изработува од медијапан и иверица фарбани со полиутеранска боја со што е заштитен од вода и водена пара. Материјалот што се употребува за изработка на овие елементи се произведува од реномирани фирми. Процесот на обработка на медијапанот е подолготраен со што би се добила долготрајност и висока водоотпорност.

Медијапанот поминува низ три фази на обработка.

- Првата фаза при изработка е обработување на кантовите во посакуваниот радиус. Потоа се пристапува кон обликување на кривините на самите врати од елементот и на крај се пристапува кон процесот на фарбање.

Фарбањето исто така се одвива во три фази.

- Првата фаза е стругање и фарбање со изолант за да се затворат порите на материјалот. Повторно се струга и се фарба со темел за да се даде подлога на бојата. Последна фаза е фарбањето со полиутеранска боја.Елементите се воглавно во сериско производство со стандардни димензии и бела боја. Но не се исклучува можноста за изработка на мебел по нарачка со ваш избор на дизајн, боја, и димензии.

    

Почувствувајте топлина во вашата бања.